Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да биде дисквалификуван четири натпревари поради пријавата на делегатот по средбата од 7. коло од првенството на Шпанија со Атлетико (0:0).
Капитенот на Реал го навредувал арбитерот нарекувајќи ја неговата мајка со непристоен збор.
Евентуалната ваква суспензија за Рамос ќе значи отсуство од средбите со Гранада, Мајорка, Барселона и Леганес.
Реал со 15 бода е на првото место на табелата во Шпанското фудбалско првенство.