Реал синоќа одигра нерешено 2:2 со Севичја, а тренерот на мадридскиот тим, Зинедин Зидан не беше задоволен од судењето на овој меч.

– Не разбирам ништо. Ако Милитао имаше игра со рака, тогаш имаше таков момент и во нивниот шеснаесетник. Ние не добивме пенал, тие да. Не бев убеден во објаснувањето од судијата. Никогаш не зборувам за судење, но денес сум лут. Како и да е, не можеме да промениме ништо. Задоволни сме од нашата игра, но заслужуваме повеќе затоа што одигравме добро во второто полувреме, изјави Зидан.

Французинот најави борба за трофејот до самиот финиш.

– Ќе се бориме до крај. Треба да размислите за трите преостанати натпревари, потенцира Зидан.

Реал Мадрид по 35 кола е втор во Ла Лига со 75 бода и заостанува два бода зад водечкиот Атлетико Мадрид. Севилја со 71 поен е на четвртата линија.