Тимот на Реал Мадрид денеска ја совлада Осасуна на гостински терен со 4:1 во дуелот од 23. коло од шпанската Ла лига. Одбраната на „кралскиот клуб“ на противникот му дозволи да постигне еден гол, но и тоа беше доволно за нов клупски рекорд.
Реал Мадрид по 23 кола има примено само 14 голови, најмалку во клупската историја во овој сегмент од првенството.
Пред комплетирање на колото, Реал е прв на табелата со 52 бода, шест повеќе од второ пласираната Барселона.