Британската глумица Елизабет Харли ги одрече наводите дека заедно со нејзиниот 18-годишен син Дејмијан, ќе снимаат свое реално шоу. И, таа тоа го стори со гола фотографија од себеси, во нејзин стил.
„‘Абзууурдни’ приказни во нашиот славен печат денеска… Слушнете го ова ’од устата на коњот‘ – јас и мојот син @damianhurley1 дефинитивно НЕ планираме да снимаме домашно реално ТВ шоу во стилот на ’Волтонс‘. Мислам, кој и да е тој ‘пријател’ (или новинар на којшто му било здодевно), кој ги објавил овие измислени нешта, смешен си!“ напиша глумицата под сликата.
Елизабет Харли, инаку, е среде шестото десетлетие од животот, и периодовг, покрај глумата, се занимава и со дизајн на дводелни костими за капење.
Дејмијан, кој ќе наполни 19 години на 4 април, е син и на нејзиното поранешно момче Стив Бинг. Бинг се самоуби минатата година.