Пејачката Ребека Јанковска Ристески пред Собранието пееше и се обрати пред насобраните граѓани.
Таа изјави дека оние кои носат црни костумчиња, ако ставиле француски парфем, не се влезени во ЕУ.
„Која мајка ве доела ве прашувам? Вие во Владата Македонци сте? Македонскиот народ е мирољубив, и никогаш никого не напаѓал, ние не ги уценуваме Бугарите“, рече Ребека.
За власта рече дека одамна требаше да каже „Не“, а не да не доведе во позиција на потчинетост. Таа го праша министерот за надворешни Бујар Османи, каде е роден, каде се школувал, каде завршил Медицински факултет. Порача дека прават башибозук овде.
„Срам да ви е! Оставка“, рече Ребека.
Таа кажа дека ако барате на Гугл, сите наши револуционери ќе ги најдете како бугарски Македонци.
На протестото пред Собранието говореше и Весна Петрушевска.
Јазикот е наша тврдина, ние го него војуваме, порача таа.
Таа вели дека ние сме мирен народ, добар народ, но самите сме виновни затоа што се доведовме во ваква ситуација. Петрушевска порача дека собирот не е мининг, и дека се работи за Македонија. Веќе четири дена има протести против францускиот предлог.