Ако ви е здодевно од класичното пилешко и сакате да пробате нешто ново – тогаш пробајте пилешко од лубеница.
Со лажица извадете го „месото“ од лубеницата. Пилешкото зачинете го со сол и бибер, а потоа ставете цел лимон во пилешкото, лимонот издупете го со вилушка и исечете го на половина.
Ставете лажица сос од соја на пилешкото и наполнете половина од чашата сос од соја и премачкајте го пилешкото од надворешноста. Полијте го пилешкото со лажичка зачинета смеса, ставете го во лубеницата и покријте го со исечениот дел од лубеница.
Прицврстете го капакот на лубеницата на стапчињата, лубеницата ставете ја во тавчето за печење. Ставете сè во рерна загреана на 200 степени и печете го два часа. Потоа намалете ја температурата на 150 степени и печете уште три часа. Кога ќе завршите, извадете го пилешкото од лубеницата, а потоа извадете ги течностите од лубеницата и ставете ги во тенџере.
Кога ќе ставите путер, промешајте додека не се стопи – ќе добиете сос што можете да го истурите преку пилешкото. Добар апетит!