Руските војници кои ќе бидат заробени од украинската доброволна медицинска единица ќе бидат кастрирани, изјави командантот на првата доброволна мобилна болница во Украина, Генадиј Друзенко.

Изјавата ја даде зборувајќи на националната телевизија „Украина 24“.

Тој рече дека руските војници се „лебарки“ кои не смеат да се репродуцираат.

– Отсекогаш сум бил голем хуманист. Секогаш кога некој беше ранет, тој веќе не ми беше непријател, туку пациент. Сега им дадов наредба на сите мои лекари – сите заробени Руси да бидат кастрирани. Тоа се „лебарки“, а не луѓе. И верувајте ми, лекарите цело време ги спасуваа животите на Русите. Отсега Русите ќе умираат во огромен број. Ќе го паметат кошмарот на украинската земја, исто како што Германците го паметеа Сталинград – рече Друзенко.

Подоцна, тој се извини преку ФБ. Рече дека му е „многу жал“ и дека „тоа беа емоции“.

Претходно, претседателот на Истражниот комитет на Русија Александар Бастрикин наложи да покрене кривично дело против Друзенко. Според истрагата, тој повикал на насилство врз заробените руски војници во живо на еден украински ТВ канал, односно „такво упатство им дал на лекарите од мобилните болници“.

„Официјално е. Првата волонтерска мобилна болница не кастрира и не собира никого. Тоа беа емоции. Многу ми е жал. Спасуваме животи, напиша Друзенко на Фејсбук.