Четириесет и девет автомобили се судрија во близина на меѓународниот аеродром во Денвер.

Во сообраќајката што се случи на патот кон аеродромот, повредени се 17 луѓе.

Од нив хоспитализирани се 14, но повредите не се сериозни, соопшти полицијата. Причина за сообраќајната несреќа е поледица и неприлагодена брзина на возилата.