На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 741.553 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.251 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.219 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.306.042 дози вакцини, а ревакцинирани се 564.488 граѓани.
Со последните бројки, како што соопшти Министерството за здравство, 53 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29 посто од населението од 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата, посочија од Министерството, се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, наведуваат од Министерството за здравство.