Речиси четвртина самовработени во ЕУ во 2017 година покренале сопствен бизнис поради поволните прилики, покажува најнов извештај на Евростат.
Минатата година во ЕУ биле вработени повеќе од 228 милиони луѓе од кои 33 милиони се самовработени, наведува Евростат во извештај.
Во анкетата за работна сила во 2017 година, најмногу анкетирани самовработени – околу 23 отсто, како причина за покренување сопствен бизнис навеле – добри шанси.
Следува продолжување на семеен бизнис што како причина го нагласиле 16 отсто анкетирани на ниво на ЕУ. Меѓу причините за покренување сопствен бизнис се издвојуваат и праксата на одредено време (15 отсто), флексибилно работно време и неможност за пронаоѓање работа (11 отсто) и барање на поранешен работодавец (два отсто).