Аплицирани се повеќе од 5,95 милијарди дози на вакцини против Ковид во 184 земји, но процесот на вакцинација продолжува со нерамномерно темпо низ целиот свет, јави Блумберг кои се повикуваат на сопствени анализи.

„Вкупно, дадени се повеќе од 5,95 милијарди дози. Тоа е доволно за целосно вакцинирање на 38,7 проценти од светската популација. Просечната стапка на вакцинација во моментов е 33,1 милиони дози дневно. Ако тој тренд продолжи, ќе бидат потребни уште шест месеци за вакцинација на 75 проценти од населението“, наведува агенцијата.

Во земјите и регионите со високи примања, вакцинацијата е 20 пати побрза отколку во регионите со ниски примања.

Блумберг проценува дека 386 милиони дози се аплчилцирани во САД. Во Шпанија, 77 проценти од населението е целосно вакцинирано. Во Франција – 72,7 проценти, во Италија – 67,9 проценти, во Велика Британија – 66,5 проценти, во Германија – 63 проценти, во Израел – 61,6 проценти.

Во исто време, во Демократска Република Конго и Јемен, целосно вакцинирани се помалку од 0,1 отсто, во Чад и Јужен Судан – 0,1 отсто, во Бенин и Хаити – 0,2 отсто. Во Русија, аплицирани се 87,8 милиони дози, а 27,6 проценти од населението е целосно вакцинирано.