Не толку одамна, Единсон Кавани беше еден од најдобрите напаѓачи во светот, но летово остана без работа.
Пари Сен Жермен не сакаше да го продолжи договорот со уругвајскиот фудбалер и му дозволи да замине без обештетување.
Манчестер Јунајтед реагираше и го направи нов жител на стадионот „Олд Трафорд“.
За разлика од навивачите на тој клуб на кои им се допаѓаше тој потег, поранешниот тренер Хари Реднап има поинаков став.
– Знаете дека сакам да се коцкам, но тоа не е ништо ако погледнете што прави Јунајтед со Кавани, рече Реднап.
Како што истакна, проблемот е големата плата од околу 200 000 фунти неделно за привремен напаѓач.
– Се чини како очаен потег, посочува тренерот.
Искусниот стручњак изјави дека во претходниот период слушнал гласини дека Кавани сака да дојде во Англија.
– Само што им реков со среќа кога слушнав колку бара. Можеби добро работи ако е гладен за фудбал и голови. Поради Оле Гунар Солскјер, се надевам дека е така, заклучи Реднап.