Властите на Тајван наредија утре да бидат затворени продавниците, компаниите и училиштатата поради супер тајфунот Лекима, а во меѓувреме на островот е регистриран земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала.
– Не погоди земјотрес додека се подготвуваме за тајфунот, што е редок случај, изјави тајванскиот премиер Су Ценг-чанг на состанокот во Националниот центар за итни случаи.
Моментно Лекима се движи во северозападниот дел на Тихиот Океан со брзина на ветрот од 205 километри на час. Се очекува стихијата да достигне до супертајфун со брзина на ветрот од 240 километри.
Стихијата се очекува да го зафати Тајван утре, а потоа да се насочи кон Кина и да удри јужно од Шангај в сабота.
Јапонските јужни острови Рукју, кои се протегаат северно од Тајван до јапонскиот остров Кјушу, се очекува да бидат најпогодени од невремето. На архипелагот, кадешто се наоѓа и Окинава, живеат околу 1,4 милиони луѓе.
Во втората половина од годината тајфуните се вообичаена појава во Тајван, Кина, Филипини и Јапонија.
При налет на тајфунот Моракот, што во 2009 година го погоди Тајван настрадаа речиси 700 луѓе, од кои најголемиот број загинаа при лизгање на земјиштето.