Коалицијата „Европски фронт“ одлуката на Уставен суд околу методологијата за пописот ја оцени како огромен успех.

Пратеникот од „Европски фронт“ Скендер Реџепи на денешната прес-конференција во Собрание посочи дека оваа најнова одлука околу пописот е особена значајна за оние кои привремено живеат надвор од државата, а како што посочи тој, се исклучени од секој благодет на државата.

-Пописот само во Македонија од цела Европа е од политички карактер тоа го кажа и самиот премиер како да измислил топла вода, имајќи предвид дека и премиерот и сите политички чинители се свесни дека кај нас пописот е од политички карактер, а не е статистичка операција, бидејќи правата на еден етникум, односно Албанците зависат од процент предвиден во Уставот, што е сосема нормално да се гледа политички.

Затоа, рече Реџепи, доколку премиерот власта и сите полтиички чинители сакаат еднаш засекогаш да имаме попис кој ќе биде статистички, кој ќе биде за надгледување на економскиот и социјалниот развој на државата да се направат уставни промени.

-Ги повикувам да направиме уставни промени, да ја избришиме омаловажувачката графа од 20 посто и да се замени со албански јазик и албански етникум со што еднаш засекогаш ќе имаме соодветен попис, оцени тој.

Додаде дека одлуката на Уставниот суд во голем дел била правна, но и политичка.

-Одлуката на Уставниот суд е за поздравување, бидејќи поголемиот дел од одлуката е правна, но еден дел е и политичка, ако ја земеме предвид изјавата каде беше кажано дека не делува ретроактивно, што за нас е политички, бидјејќи во текот на ова една година се донесени одредени одлуки околу носењето на буџетите на оштините во кои се целосно ислучени граѓаните од дијаспората. Зошто е ова направено само власта го знае тоа не било предвидено ни со закон, меѓутоа соглансо сите одредби демократски треба да ги предвидат во буџетите и оние кои студираат во странство или работат привремено надвор од државата бидјеќи тие треба да ги уживаат истите права како што имаат и одговорности, порача Реџепи.

Затоа рече дека ќе бараат политичка и кривична одговорност, како и враќање на средствата кои досега им биле ускратени на општините.

-Затоа ќе бараме политичка и кривична одговорност заради затајување на можноста да може да се буџетират сите оштини опфаќајќи ги сите граѓани. За исклучувањето на оние кои кои не биле предвидени во буџетот на оштините ќе бараме од обвинителство да покрене одговорност од нив и тие треба во што поскоро време да ги враќаат средставта кои не се дадени на општините, подвлече Реџепи.

Фото: МИА