Министерот за правда, Бојан Маричиќ реагираше за условната пресуда за сообраќајка во Охрид.

Тој ставот го објави на социјалните мрежи.

„Како министер за правда, но пред се како човек и родител не можам да бидам рамнодушен по одлуката на судот, кој пресуди условна казна за сообраќајката во Охрид по која две момчиња починаа, а три девојки беа тешко повредени. Очекувам праведна одлука на повисоките судови, а Судскиот совет будно да го следи целиот случај“, пишува тој.

 

Во сообраќајката која се случи лани на магистралниот пат Охрид – Свети Наум, кај клучката за излез кон хотелот ,,Инекс” почина 27-годишниот Иван од Битола. По еден месец борба за живот поради тешките повреди, почина и неговиот другар Милан.