Регионален бизнис регистар за Западен Балкан www.bifidex.com кој ќе обезбеди на инвеститорите, трансапарентни и лесно пристапни информации за локалните компании е пуштен во употреба.
Порталот на бизнис регистри за Западен Балкан под назив „Размена на деловни и финансиски податоци“ (РДФП) е креиран од Српската агенција за деловни регистри и Централниот регистар на Македонија, а Србија и Македонија се првите земји од регионот кои се приклучија на оваа иницијатива. Поддржан е од ЕБОР, а Фондот за добро владеење на Владата на Велика Британија му додели дополнителни 700.000 евра за натамошно проширување на проектот и за поттикнување на интеграцијата на останатите бизнис регистри на земјите од регионот.
Порталот ќе служи како место за информирање на бизнисмените и инвеститорите, обезбедувајќи пристап до ажурирани информации од националните агенции за бизнис регистри, сите достапни од едно место.
Базата на податоци вклучува над 500.000 компании и нуди информации за сопственикот на компанијата, нејзиното управување, финансиските извештаи, измените во организацијата и слично. На овој начин, на сите заинтересираните страни, ќе им се овозможи да пребаруваат информации за активните компаниите во определен сектор, географска локација или други критериуми.