Шпанскиот голман Пепе Реина е еден од тројцата сегашни и бивши играчи на Наполи кои се обвинети дека имаат врски со мафијашката организација Комора.
Реина е повикан на сослушување во Фудбалскиот сојуз на Италија заедно со Паоло Канаваро и Салваторе Ароника поради врски со браќата Габриел, Франческо и Џезепе Еспосто.
Реина на крајот на сезоната ќе го напушти Наполи и ќе оди во Милан, а италијанските медиуми наведуваат дека ова е еден од причините поради кои Наполи се одлучи да не го продолжи договорот со пораншениот голман на Ливерпул.
Покрај играчите, обвинети се и неколку клубови – Наполи, Сасуоло и Палермо.
Канаваро играше за Наполи во два наврати, а минатата година во дресот на Сасуоло ја заврши кариерата.
Ароника, исто така, помина неколку години во Наполи пред да премине во Палермо во 2013. година.