Европската комисија може да покрене кривична постапка против Малта за непочитување на законите, најави денеска еврокомесарот за правда Дидие Реиндерс, објави МИА.
Тој на дебатата во Европскиот парламент посветена на проблемите на Малта во контекст на новите откритија за убиството на новинарката Дафне Каруана-Галиција.
Еврокомесарот истакна и дека Европска Унија разгледува и воведување на санкции поради убиството на новинарката.
Во изминатите недели истрагата за убиството на новинарката стигна и до премиерот на Малта, Џозеф Мускат и неговите соработници.
Дафне Каруана Галиција беше убиена со бомба поставена под нејзиниот автомобил во 2017 година.