Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден на почетокот од месецот е околу 40 проценти, што е блиску до најниските нивоа откако тој стана шеф на државата, покажуваат резултатите од најновата анкета на Ројтерс/Ипсос.
Тридневната онлајн анкета, на која Американците одговараа дали го одобруваат начинот на кој Бајден ја извршува претседателската функција, покажува мал пад на позитивните одговори од претходниот месец, кога тие беа 41 отсто.
Најголем дел од испитаниците ја посочиле економијата на земјата како главен извор на загриженост, а за 15 проценти главен проблем се криминалот и корупцијата.
Рејтингот на Бајден е идентичен со оној на неговиот претходник Доналд Трамп во истата фаза од неговиот мандат.