РЕК Битола се распаѓа, а Ковачевски на туризам во Србија, ова го објавуваат Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук.

-Хавариите во РЕК Битола станаа секојдневие. Нема ден да нема информација за сериозни дефекти во РЕК Битола. Пред десетина дена, после долго време на застој поради дефект, главниот багер за ископ во рудниците КУ-300 беше поправен и ставен во функција. Само што се понадевавме дека сега ќе има нормален ископ на јаглен, ништо од тоа. Од вчера повторно оваа машина е во сериозан дефект. Сега е скршен лагер од копачот и багерот не е во функција. На што се должи ова не е тешко да се претпостави. Слаба организација на поправката, без контрола и квалитет на работата. Одржувањето е заборавено или најверојатно се ангажираат приучени приватни компании за поправка. Само десет дена работа после поправката и ревизијата на багерот, истиот пак има тешка хаварија. И повторно застој.

Каде е одговорноста на тој што вршел поправка и ревизија на багерот, каде е надзорот од РЕК Битола? Од сето ова нема ништо, нема одговорност, нема професионалност во работа, едноставно РЕК Битола е пуштен да се распаѓа. Организација на работата е во хаос.

РЕК Битола се распаѓа додека Директорот на АД ЕЛЕМ го нема никаде. Моментално се шета во Србија на туристичко патување.

Од друга страна објавена е јавна набавка на 16.11.2020 поделена во пет дела под број “17057/2020 – Ревитализација на КУ-300 (РЕК Битола)“. Еден дел е поништен, а за другите се склучени три договори со компанијата „МЗТ Инжинеринг“ од Битола за вкупна сума од 16.301.989 денари и еден договор со компанијата „Интер глобал“ од Скопје за сума од 1.082.768 денари.

Вкупно 17.384.757 денари или 282.679 ЕВРА.Прашуваме каде се деловите од оваа набавка и дали истите се потребни за оваа поправка? Дали е ова само трошење на парите на граѓаните?

Професионалноста и одговорноста во работата на оваа гарнитура на власт поставена од СДСМ е непозната категорија. Но, за сето тоа одговорност ќе има!

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук.

РЕК Битола се распаѓа, а Ковачевски на туризам во Србија

Хавариите во РЕК Битола станаа секојдневие. Нема ден да нема…

Posted by Комисии на ВМРО-ДПМНЕ on Сабота, 17 април 2021