При несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, синоќа при работа со градежна машина, животот го загуби работник В.К. 60 години, информираат од РЕК Битола.
– Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности. Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот, стои во соопштението од РЕК Битола.
Од РЕК Битола, посочуваат дека јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.