Кандидатот на Беса и Алијансата за Албанците за претстојните претседателски избори, Блерим Река упати протестна нота до Амбасадата на Албанија во Северна Македонија поради вклучувањето на почесниот конзул на Албанија, со седиште во Битола, Имер Селмани во кампањата на кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.
-На конвенцијата на кандидатот Стево Пендаровски, Имер Селмани со неговиот централен говор ја презентираше и ја поддржа кандидатурата, со што се определи политички, а во меѓувреме врши конзуларни функции. Политичката злоупотреба на позицијата почесен конзул на Република Албанија, поради лични интереси, не е чест за Република Албанија, ниту за Република Северна Македонија, а истотака не е чест ниту за граѓаните на оваа земја, оценува изборниот штаб на Река.
Река во врска со ова ќе побара средба со албанскиот амбасадор Фатос Река, додека од Министерството за надворешни работи на Република Албанија ќе побара разрешување на Имер Селмани од позицијата почесен конзул.