Двојно е намалено нивото на реките Црн Дрим кај Ложани, Струмица кај Ново Село, Пчиња кај Пелинце и Лепенец кај Скопје, во однос на просекот за август.

Пониски водостои се регистрирани , Вардар кај Јегуновце и кај Велес и Крива Река во Крива Паланка, а повисоки на Вардар кај Демир Капија, Брегалница кај Штип и Црна Река кај Новаци.

Водостојот на Дојранското Езеро е минимално зголемен споредено со августовскиот просек,  а во рамки на просекот се Преспанското  и Охридското Езеро.