Баерн го победи ПСЖ (1-0) во финалето на Лигата на шампионите и постави рекорд во елитното натпреварување со 11 триумфи по ред.
Екипата на Ханс-Дитер Флик го надмина претходното достигнување на баварскиот клуб од 2013 година под водство на Јуп Хејнкес и Јосеп Гвардиола, како и резултатот на Реал Мадрид од сезоната 2014/15 со Карло Анчелоти на тренерското место – и двата тима победија на 10 натпревари во низа.
Барселона во два наврата има девет победи во серија (сезони 2002/03 и 2014/15), а следна на оваа листа е Борусија Дортмунд со осум победи по ред во сезоната 1996/97.