РЕКОРДНА ЗАПЛЕНА: Во Ротердам запленети осум тони кокаин, вреден над 600 милиони евра

/ 10.08.2023

Граничните службеници на пристаништето во Ротердам заплениле повеќе од осум тони кокаин скриени во контејнер со банани, соопшти денеска холандското обвинителство.

Холандските медиуми наведуваат дека ова е најголемата пратка кокаин досега откриена на ова пристаниште.

Портпаролот на обвинителството изјави дека дрогата патувала од Еквадор, преку Панамскиот канал, до Ротердам. Пратката била откриена од полициски кучиња на 13 јули. Запленувањето на кокаинот, чија вредност се проценува на повеќе од 600 милиони долари, била чувана во тајност за да не се меша во истрагата.

Истрагата е во тек, а досега во Холандија не е приведено ниту едно осомничено лице.


Од истата категорија