Фудбалерот Арон Ремзи кој во текот на летото ќе оди во Јувентус ги извести навивачите на лондонскиот клуб дека повеќе нема да игра за Арсенал. Претходно беше објавено дека поради повреда играчот не може да му помогне на својот тим во првиот полуфинален меч на Лигата на Европа со Валенсија. Средбата ќе се одржи утре во Лондон.
На 18 април, Ремзи беше повреден во второто полувреме од четвртфиналето на Лигата на Европа против Наполи (1:0). Тој веќе го пропушти мечот од 35. коло во Премиер лигата со Кристал Палас (2:3).
Жално е да кажам, но натпреварот со Наполи беше последен за мене во дресот на Арсенал. За жал, повредата нема да ми дозволи да се вратам на теренот оваа сезона. Јас сум многу разочаран што нема да ја завршам сезоната за мојот клуб, бидејќи се уште сум фудбалер на Арсенал. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите за поддршката. Поминав убави 11 години во Лондон. Дојдов во Арсенал како младо момче, а си заминувам оженет, татко на три момчиња. Со гордост и добри сеќавања што ќе ги негувам си заминувам од тука. Овој викенд ќе биде мојот последна средба на домашен терен со вас. Тоа ќе биде емотивно. Со нетрпение очекувам да се сретнам со вас. И уште еднаш од дното на моето срце ви благодарам на сите, напиша Ремзи на Инстаграм.
Дваесет и осумгодишниот играч од средниот ред е член на „топџиите“ од 2008 година. По една сезона беше позајмен на Кардиф и на Нотингем Форест.