Директорката на Институтот при Обединетите нации за истражувања на проблеми со разоружувањето, Рената Двана, рече дека веројатноста за започнување нуклеарен конфликт денес, е највисока од Втората светска војна.
Според неа, програми за модернизација на нуклеарното оружје се спроведуваат во сите држави со нуклеарно оружје, при што ситуацијата со контролата над вооружувањето динамично и се менува, делумно поради стратешка конкуренција на Кина и САД.
Таа истакна дека договорите за контрола на традиционалните оружја се прекинати поради појавата на нови методи на војување, каде што вооружените групи и приватните платеници играат сè поголема улога, како и најновите технологии.
-Ризикот од користење нуклеарно оружје поради различни фактори е сега поголем од кога било досега по Втората светска војна, заклучи Двана.