Д-р Ана Глигиќ, познат српски виролог, која во првата половина на минатиот век прва го изолирала најсмртоносниот вирус Марбург, а во 1972 година, во времето на вариола вера, била раководител на Националната референтна лабораторија, за српаската „Н1“, вели дека е потребно да се исклучат што е можно повеќе контакти, оти така се шири вирусот, и тоа највеќе преку воздухот.
Вирусот во надворешна средина може да остане три часа.
„Јас кашлам и тоа место ќе биде заразено три часа, а којзнае кој ќе седне на моето место во трамвајот. Многу е важно – вирусот, кога ќе падне на квака, метал, може да остане три дена “, вели д-р Глигиќ.
Во Кина, по 100 дена, не се пријавени нови случаи на инфекција со коронавирус. Од првиот регистриран пациент во декември до 19 март во тоа азиско население, коронавирусот имал четири периоди на инкубација од по 25 дена. Судејќи според оваа логика, Србија успеа да се ослободи од лошата болест на 14 јуни, бидејќи првиот случај беше регистриран на 6 март.
Првичните истражувања сугерираат дека периодот на инкубација, односно она време кога кај заразеното лице нема никакви симптоми, но ја шири инфекцијата во овој период, трае од еден до 14 дена, а во просек пет дена, како кај повеќето вируси. Сепак, Ана Глигиќ, вели дека најновите истражувања покажуваат дека периодот на инкубација во повеќето случаи кај коронавирусот е 25 дена.
– Ако погледнете, во Кина имавме четири периоди на инкубација од по 25 дена – тоа започна во декември и дури по 100 дена не беа регистрирани нови случаи. Ако 25 дена е икубацискиот период, а инкубацијата ја крие инфекцијата на почеток, тоа е трагедија, затоа што болеста започнува како кивање, а всушност ние половина од тој период го сееме вирусот без да бидеме свесни- вели Глигиќ, додавајќи дека овој вирус се шири преку контакт и воздух, кој е најбрз и најлесен начин за ширење на вирусот.
– Може во надворешна средина да остане три часа, јас се накашлувам и местото каде што сум била ќе биде заразено три часа, а којзнае кој ќе седне на моето место во трамвајот. Многу е важно што вирусот, кога ќе падне на квака на врата, може да остане ма металот три дена. Затоа е потребна дисциплина и затоа се воведуваат мерки за самоизолација и казнување за да се избегне понатамошно ширење – објаснува лекарката.
Според неа, речиси сите заразни болести започнуваат како респираторна инфекција, а потоа вирусот ги напаѓа органите и доаѓа до катастрофалните последици.
– Овој вирус е загрижувачки заради големиот број пациенти и грижата, бидејќи е тешко да се згрижат 500 лица дневно, особено ако имаат и тешка клиничка слика кога е потребна респираторна поддршка. Што се однесува до лековите, нема лек за вирусни заболувања, само симптоматска терапија – вели таа, истакнувајќи дека коронавирусот исто така може да стане сезонска болест.
Докторката вели дека има ситуации кога епидемијата самата себе се згасува. Ако короната делува на овој начин, ќе биде добро.
– Можно е со преминување од личност на личност, вирусот да ослабнува и губи некои свои карактеристики од дивината. Тоа занчи во првиот налет на човек, најголема смртност, најтешка клиничка слика. Кога тој пациент ќе пренесе на следниот, имаме тешка клиничка слика, но нема смртност, кога од вториот се пренесува на третиот, имаме некоја блага клиничка слика за вирусот, а кај четвртиот веќе се изгубил – објаснува лекарката, додавајќи дека епидемијата се гасне, ако ги има сите други додатоци, како што се колективен имунитет, промени во варијации на вирусност, промени во однесувањето на човекот.