Македонија е татковината на Александар Македонски и Мајка Тереза, а Скопје е град со два лика, еден од левата страна, а друг на десната страна од реката Вардар, пишува турскиот новинар Озге Шенгелен во репортажата во Дејли сабах.

Скопје е еден од оние градови што кога ќе се стемни изгледаат како да пеат романтични песни во париски стил, пишува во репортажата што ја пренесува весникот Нова Македонија.

Додека Скопје, главниот град на Македонија, блеска со париска романса ноќе и ве фасцинира, преку ден се претвора во Рим со своите скулптури и структури, кои личат на музеј на отворено. Се разбира, овие скулптури и структури не потекнуваат од толку длабоковкоренетата историја како онаа на Рим.

Скопје е град со вкус на музеј на отворено и наследство за иднината, пишува во репортажата на Дејли сабах, особено со статуите и гигантските градби подигнати на градскиот плоштад, околу Камениот мост и во многу други делови. Скопје, кое се обидува да биде прифатено во регионот, е место каде што можете да поминете многу време, дење и ноќе, иако тоа може да изгледа мало.

Скопје, кое ме прави да се чувствувам како дома и во мир секогаш кога ќе дојдам овде, има поинаков дух. Ниту е баш европски ниту баш османлиски град. Додека ги следите трагите од османлиското владеење на едниот брег на реката Вардар, кога ќе го поминете Камениот мост на спротивната страна ве пречекува светол модерен европски град.

Целата репортажа може да ја прочитате во ТУКА.