Откако ја „средија“ државата, го сменија името, украдоа што можеше да се украде, направија бизниси, наполнија приватни џебови, СДСМ реши да ги оправа медиумите. Тие ќе одлучуваат кој знае, а кој не знае да работи. Тие што пишуваат дека СДСМ, и покрај катастрофалниот рејтинг, и ужасниот пораз, не изгубиле на последните избори се реални медиуми, оние другите не чинат. Оние кои пишуваат дека Филипче по катастрофалниот пораз треба да си поднесе оставка, се медиуми кои пишуваат лажни вести. На списокот на медиуми кои пласираат лажни вести, составен од СДСМ, секогаш е и Република. Иако нашите „лажни“ вести, се покажаа како вистинити, оние кои ја спроведуваат проверката на факти на СДСМ не пријавуваат, не блокираат на социјални мрежи во пуст обид да ја сокријат вистината. Но, ние не сме СДСМ, па барем во овој момент, нема да извадиме статистика, графикони и анализи за колку и кои вести СДСМ не обвиниле дека се лажни, а се испоставило дека не е така. Ќе ги оставиме да си поиграат уредници на Република, да продолжат со анализите, па можеби на крај и ќе ја направат анализата која вчера им ја побаравме – колку пати се заканувале на Република, навредувале новинари на Република, не` негирале, оспорувале како новинари и медиум, не тужеле, и притоа го злоупотребувале трас-трас судството…

Во меѓувреме, повторно се занимаваат со нас – Еве пренесуваме интегрално, нека стават рецка дека сме им објавиле партиско соопштение:

Во рамки на нашата акција „Разоткривање“, вчера јавноста можеше да види како и на кој начин ВМРО-ЗНАМ со денови работат на дефокус од главната тема со мигрантите. Преку своите канали и медиуми кујните на ДПМНЕ пласираат неверојатен број текстови со целосно измислени информации.

Во рок од само 10 минути по прес конференцијата на претседателот на СДСМ, тие произведоа вести со наслови дека е „болен“, „му треба лекување“, „измислува“, „живее во свој измислен свет“, „крева паника“ и слично.

И тогаш, немаше реакции од здруженија, ја нема Владата, ги нема нивните медиумски екипи да ги осудат.

Кога сме веќе кај осудите – дали Владата го осуди нападот врз слободниот медиум „Инфомакс“?

Дали забележавте дека немаше ни трошка од овие осуди за еден од најжестоките напади врз слободата на медиумите во Македонија уште од времето на Груевски?

За споредба, колку жестоко беше нападнат СДСМ само затоа што спомена имињата на три медиуми (добро познати уште од времето на Груевски).

Дали забележавте дека никој не објави дека напаѓачот на новинарите на Инфомакс е член на ВМРО-ДПМНЕ?

Наместо тоа, веднаш беше пласирано дека е „луд“. А како што знаете, за такви информации обично е потребно време. Но МВР сè објави за само половина час.

Следуваа симултани напади и осуди врз СДСМ во најкраток можен рок – буквално, уште пред да седнат пред компјутер – од сите подружници на ДПМНЕ-ЗНАМ.

Статистиката имавте можност да ја видите.

Сето ова е резултат на исклучително успешната акција „Разоткривање“ на АКТ – СДСМ.

Системот ви е разоткриен!

Една интересна, но неверојатна коинциденција.

Ако се сеќавате на 2016 година, за време на изборите во САД, во Македонија функционираше центар за производство на лажни вести, кој беше користен во кампањата против кандидат за претседател на САД.

Пред неколку дена, актуелниот претседател на САД на својот X-профил објави дека при изборите во 2020 година (против него) биле користени сервери од Србија за манипулација со електронското гласање. Притоа беше наведена компанијата „Dominion“, која е во сопственост на еден од најблиските бизнисмени на СНС и Вучиќ.

Дали сето ова е случајност?

Очигледно е дека оваа српско-македонска корпорација или „кујна“ не е позната само во регионот, туку веќе има и меѓународна репутација.

Да не беа „Бомбите“ кои Зоран Заев ги објави пред повеќе од 10 години, денес тешко дека ќе можевме да поверуваме на што сè е способно ВМРО-ДПМНЕ. Денес, нивната работа со лажни вести добива и „светско признание“.

„Фабрика за лаги број 1 во светот“!

Каков успех! Светско, а наше!

Или подобро речено – не наше, туку нивно: кујна на ДПМНЕ.

Прашањето е едноставно:

Кој – кому треба да му се извини?

Резолуцијата за мигрантите сè уште не е потпишана.

Лажните вести работат со полна пареа.

Лажат британските медиуми, лажат светските медиуми – сите лажат… само ДПМНЕ-ЗНАМ не лажат.

На кого сè уште не му е јасно?

Честитки, разоткриени сте!

Не можеме да не забележиме дека до пред некое време Инфомакс не беше медиум за СДСМ, а вработените таму не беа новинари. Притоа, мора да ја прашаме портпаролката на СДСМ, каде ги најде тие објави на Република дека напаѓачот бил луд… и било каква слична објава… Нејсе, да се вратиме на муабетот. Од кога Инфомакс, портал за кој СДСМ постојано имаше негативни коментари, навреди и лоши квалификации, за нив стана медиум за кој искажуваат огромна загриженост? Нешто СДСМ се предомисли… Или пак таков е нивниот критериум – ако си за СДСМ, а против ВМРО-ДПМНЕ си

СДСМ, впрочем нели прашаа Кој кому треба да се извини? Им се извинуваме што ја пишуваме вистината – дека изгубија катастрофално на последните избори. Им се извинуваме што реално говориме за рејтингот на нивниот лидер Венко Филипче, им се извинуваме што не ја сфаќаме нивната логика дека тие победиле на изборите. Им се извинуваме што ја информиравме јавноста дека нивниот поранешен министер заработи кривична пријава, им се извинуваме. Им се извинуваме што не сме медиум кои го контролираат и го негираат она што граѓаните јавно но кажаа на последните избори. Им се извинуваме што не го исполнуваме нивниот критериум за да бидеме новинари.

Република.мк