Републиканците во Претставничкиот дом го повикуваат претседателот на САД, Џо Бајден да поднесе оставка од функцијата, откако тој најави дека повеќе нема да бара реизбор, тврдејќи дека не треба да продолжи да служи во Белата куќа ако не може да се кандидира за уште еден мандат.
Коментарите – од кои неколку беа од раководството на републиканците во Претставничкиот дом – дојдоа веднаш откако Бајден рече дека се повлекува од претседателската трка во 2024 година, сеизмичка најава што го потресе политичкиот свет и го остави патот напред за демократите неизвесен, јавија американските медиуми.
-Ако Џо Бајден не е способен да се кандидира за претседател, тој не е способен да служи како претседател. Тој мора веднаш да поднесе оставка од функцијата. 5-ти ноември не може да пристигне доволно брзо, напиша спикерот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, на „X“.
„Ако Демократската партија смета дека Џо Бајден не е способен да се кандидира за реизбор, тој секако не е способен да ги контролира нашите нуклеарни кодови. Бајден мора веднаш да се повлече од функцијата“, напиша Том Емер, на „X“.