Во Одделението за внатрешни работи Ресен, вчера 32-годишен маж од Ресен пријавил дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ бил измамен од едно лице во врска со купување на телевизор.
Според пријавеното, тој уплатил на жиро сметка поголем дел од договорената сума, но до пријавувањето телевизорот сè уште не го добил. Се преземаат за расчистување на случајот.