Секој период од животот си го носи своето време, а нашата позната поранешна ТВ водителка, модел и мисица и текстописец Сања Николиќ, имаше и повеќе од 5 минути слава во Македонија, но и Бугарија.
Денес е целосно посветена на работата како менаџер во својата маркетинг аенција, но исто така е предана сопруга на Марко Маринковиќ-Слаткар.
Се до нивната свадба, па и по истата, Сања како да беше во медиумска излегала, но периодов некако повторно почна да се појавува во медиумите, па и да застане на снимање пред камера како што тоа го правеше некогаш.
Имено, таа е главната ѕвезда во спотот на Слаткар за „Луда романтика“ кој е сниман Италија.
Доколку не се сеќавате, Сања во 2000 година беше прогласена за Мис на Македонија, а ако денес позира и се снима закопчана до грло, некогаш знаеше повеќе да се опушти.
Како изгледаа тие жешки моменти од оваа македонска убавица, се потсетуваме во продолжение:
Извор: Вистина