Реванш натпреварот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс од финалето во Копа Либертадорес ќе се одигра на 9 декември (недела) на „Сантијаго Бернабеу“ од 21:30 часот, објавија шпанските медиуми.
Тие информации очекуваат да бидат потврдени во текот на денот.
ФИФА интервенираше за случајот и се обратија до Шпанската фудбалска федерација со молба земјата да го прифати дуелот, кој веќе двапати беше одложен.
По повеќе разговори е постигнат договор натпреварот да се одржи на стадионот на Реал Мадрид. Дозвола за тоа дале и од КОНМЕБОЛ.
Другите варијанти до денеска беа Џенова, Асунсион, Мајами и Доха.