Градот, кој е познат по тоа што во него живеат голем број славни личности, отсега ќе стане познат и по нешто друго.
Беверли Хилс, кој се наоѓа во Калифорнија, Лос Анџелес, стана првиот град во Америка кој воведе забрана на продажба на тутун.
Градскиот совет синоќа едногласно изгласа забрана на продажба на цигари, пури, електронски цигари и други производи од тутун од 2021 година.
Забраната вклучува продажба на бензински пумпи, супермаркети, мали продавници и други продажни места.
Забраната ги исклучува хотелите и три луксузни бара со пури во Беверли Хилс, предградие на Лос Анџелес.
Од забраната се иземени хотелите поради туристите, кои можат да пушат, но надвор.
Сопствениците на бензинските пумпи се спротивставуваат на оваа мерка, наведувајќи дека тоа го загрозува нивниот бизнис и може да доведе до отпуштање на вработени.