Високиот севернокорејски претставник Ри Пјонг Чол осудата на американскиот претседател Џо Бајцен дадена по тестирањето на балистичките ракети ја оцени како „мешање“ и „провокација“.
– Изјавата на американскиот претседател е нескриено мешање во правото на нашата држава на самоодбрана и провокација, истакна Ри, кој го надгледуваше истрелувањето на ракетите.
Северна Кореја на 25 март лансираше две балистички ракети кои паднаа во Јапонско Море.
Бајден на првата прес-конференција од стапувањето на должноста истакна дека Северна Кореја ја крши резолуцијата на Обединети нации со лансирање на балистички ракети и дека САД соодветно ќе одговорат, доколку Северна Кореја ги зголеми тензиите со ракетните тестирања. Тој истакна дека Вашингтон се консултира со своите партнери и сојузници и ќе реагира доколку Пјонгјанг одлучи да ги зголеми тензиите.