Еден морнар загинал, 27 се водат како исчезнати, а 396 членови на екипажот на рускиот ракетен крстосувач Москва, кој потона минатата недела, се спасени, објави денеска новинската агенција РИА, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Русија тврди дека Москва, водечкиот брод на нејзината црноморска флота, потона минатата недела поради пожар што предизвикал експлозија на муниција, додека Украина тврдеше дека таа ја погодила Москва со две ракети.

Руските власти минатата недела објавија дека сите членови на екипажот на крстосувачот Москва се евакуирани од крстосувачот.