Крилото Франк Рибери најави дека ќе го напушти Баерн Минхен по крајот на сезоната.
Веста беше објавена на официјалната веб-страница на германскиот гигант.
Францускиот ветеран (36) помина 12 години со Баварците.
– Кога дојдов во Баерн, го реализирав својот сон. Збогувањето нема да е лесно, но ние никогаш нема да го заборавиме она што го постигнавме заедно. Ние освоивме повеќе од 20 трофеи, изјави Рибери.
Директорот на „баварците“ Kарл-Хајнц Румениге изјави дека Рибери и Робен се исклучителни фудбалери и Баерн им е многу благодарен и ќе организира „чудесно и емоционално испраќање“.
– Тие беа важен дел од најуспешната деценија во историјата на Баерн, прокоментира легендата на клубот.