Запушените артерии можете да ги исчистите без употреба на лекови, операции и големи количини витамински додатоци. Ништо не ви е потребно, освен природна храна и лековити билки. Вашиот систем за циркулација може да се обнови за 30 дена, само што му е потребна посветеност. Еве како според Ричард Шулц, автор на книгата „Лечење на неизлечиви болести“, човекот кој наместо лекови применува нековенционални методи, тоа изгледа:
„Лечев луѓе кои ни најдобрите клиники за срцеви болни не сакаа да ги примат, зашто се плашеа да не им умрат на апаратот за тестирање на срцето. Имав пациенти на кои и најдобрите стручњаци им велеа дека не можат да ги лечат зашто болеста премногу напредувала. Тие луѓе доаѓаа кај мене. А тоа беше време пред Дин Орниш. Д-р Кристофер уште во 1930-тите години зборуваше за ова. Одреден број луѓе одеа да се лечат во најдобрите клиники, но таму се плашеле да ги стават на одреден режим физичка активност и исхрана, зашто артериите им биле запушени и околу 80 отсто, па можат да им умрат на ергометар.
Затоа им предлагале да им направат бај пас. Не сите сакале тоа да го направат. Некои од нив доаѓаа кај мене. Нормално, прво мораа да бидат на пост со сокови и жива, односно сирова храна 30 дена. И дефинитивно мораат да останат на билна исхрана до крајот на животот.
А, клиниките, вклучувајќи ги и најдобрите им даваат пилешко и риба од сопствениот ресторант. Они мислат дека пилешкото има помалку холестерол од говедското што не е точно. Има иста количина. Тоа навистина се мали порции, но ако некому во секој момент може да му застане срцето, зошто да се додава уште масло на огнот? Кај мене преминуваа на билна исхрана. Неопходно е да им се намали холестеролот во крвта.
Дали некој бил во толку лоша состојба што неговите лекари му предложиле трансплантација на срцето?
Да, трансплантација и бајпас.
Ако им е неопходна трансплантација, дали тогаш е касно за природни лекови?
Никако. Јас веќе не работам, но да работам, најмногу би сакал пациенти на кои треба да им се изврши трансплантација. Според моето искуство, природните методи спасуваат животи. Имав многу пациенти со толку запушени артерии што по цел ден трпеа болки во левата рака. Ангината и болката во срцето ги убиваа. Ангиограмите покажуваа големо запушување. Додека лекарите, во 1908-тите сметаа дека таа ситуација не може да се поправи. Но, ние ги излечивме сите кои се придржуваа до нашиот програм. Знаете, д-р Кристофер зборуваше дека дури и луцерката ги прочистува артериите. Во современото време се покажа дека тоа е точно и дека луцерката има дејство како и лукот. Докажано е дека и физичката активност има исто такво дејство. Но никој не го слушал д-р Кристофер, зашто немал докторат од нивниот факултет. Не го слушаат ни денес. Дин Ориш бил шокиран кога сфатил дека никој не презема ништо, иако лекарите со природна медицна за тоа зборувале веќе 50 години.
Не му се верувало дека никој не го слуша?
Да. Се уверив во тоа кога во живо го слушав неговото предавање пред Американското здружение за срцеви болни. Го одбија тоа што го кажува без збор. А, тој им велеше: „Не можам да поверувам. Имам програма за лечење која докажано ги намалува наслагите во артериите.“ На тоа му одговиорле дека Американците нема да сакаат да го променат начинот на исхрана и да го прифатат хранењето со билки. Тоа е тоа што глупавите кретени од тоа Здружение мислат за Американците. Тие мислат дека сме толку глупави, толку задоени и со измиен мозок, што повеќе сакаме некој да ни ги сече напола градите, да ни ги пресекува артериите, па потоа да ги заменува, дека повеќе сакаме да бидеме на интензивна нега со денови и да имаме лузна од срцето до папокот. Тука се и јаките болки по операцијата, бидејќи лекарите буквално ви го пресекле телото на половина. А ние, Американците, знаејќи го сето тоа, знаејќи и дека за 10 години повторно ќе треба да ја направие истата операција, попрво би го одбрале тој метод на лечење, отколку да го смениме начинот на исхрана. Е, па, јас не верувам во тоа. Според моето искуство, просечниот Американец попрво би го применил начинот на исхрана.
ОБЛОГИ ОД КАША ЗА ЗАПУШЕНИ АРТЕРИИ
Што правевте со пациентите со зпауени артерии?
Применувавме облози со рицинусово масло врз градниот кош. Најдобро е да се користи ваков вид на облози, со големина на волан кои се ставаат на средина на градниот кош. Всушност, постои место кое е центар меѓу двете најниски ребра. Тука постои помал дел од рскавицата. Облогата можете да ја ставитре 2,5 см под тоа и да го зафати пределот до над градните коски.
Потоа, може да се примени и фоментација со црвена пиперка и ѓумбир. Само бидете внимателни, зашто тие се прилично жешки. Тука спаѓа и примената на тушиарње со врела вода, по што следи туш со студена вода.
Имав пациенти кои ги применуваа сите горенаведни методи, посебно методот со пиперка и ѓумбир. Истовремено и методот со студена и врела вода. По што моментално им доаѓаше до попуштање на ангината.
Колку црвена пиперка? Кој вид?
Најмалку две капсули. Тоа е минимум, како две рамни лажички. Јас препорачувам 3-6 лажички дневно. Со тоа што лутината на пиперката треба да биде најмалку 100.000 единици. За споредба, тие од продавниците за здрава храна имаат по 40.000 единици.
Тоа е количината за јадење, а потоа применувате и малку фоментација, однадвор со пиперка и ѓумбир.
(Продолжува утре)