Заврши средбата Мицкоски-Рикер. Вршителот на должноста помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер кажа дека има пријатен состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Од опозицијата гледам позитивни реакции околу предлог законот за СЈО, бидејќи е многу важно за евроинтеграцијата на Северна Македонија. САД ќе продолжи да ја подржува Северна Македонија околу отворањето на преговорите со ЕУ, рече рикер во кратката изјава по завршувањето на средбата со Мицкоски.
Тој истакна дека САД се подготвени заедно со земјава да одат напред.