Две лица загинаа денеска при урнување на две згради во западниот дел на Рио де Женеиро.

До уривањето на зградите, кои немале дозвола за градба, дошло по неколкудневните поројни дождови и поплави во кои животот го загубија десет лица.

– Две лица загинаа, други две се повредени, а спасувачите се уште бараат преживеани под урнатините, велат од спасувачките служби.

Причината за несреќата сè уште не е јасна, но од канцеларијата на градоначалникот укажуваат на несоодветната изградба на двете четирикатници, во кои живееле најмалку четири семејства.

На бразилската телевизија Глобо се прикажани локални жители, кои бараат преживеани под урнатините.

Поради лошата инфраструктура, уривањето на зградите не е реткост во посиромашните региони на Бразил.