Самото тоа што информациите за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак на Онкологија се фрапантни и загрижувачки и наместо на овие болни со најтешка дијагноза да се пружела целосна поддршка, помош и заштита, очигледно е дека здравствениот систем, очигледно е дека здравствениот систем сериозно потфрлил, изјави пратеникот Петар Ристески на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Со тоа, оцени, дека е изгубена довербата кај пациентите и дека е доведено во прашање лекувањето на секој иден пациент.
-Крајно време е системот да профункционира и да потврди дека сме способни во пракса, не само декларативно на зборови, да се справиме со тешките облици на криминал, корупција и конечно да ја прекинеме онаа култура на неказнивост за сериозни прекршувања на законите. Ние никогаш нема да бидеме модерно европско општество со одолговлекување на судски постапки, отсуство на одговорност, форсирање поддржување и заштита на партиските, кадровски решенија во вакви криминали, па и во случајов монструозни постапки, истакна пратеникот.
Ристески посочи дека за Онкологија мора да има одговорност, затоа што немањето одговорност во Македонија одзеде 100-тина животи.