Македонија на ЕП ќе има и еден дебитант. Самоил Ристевски за првпат ќе го носи националниот дрес на едно големо натпреварување.
Кружниот напаѓач на Е.Пелистер истакна дека е среќен за шансата и потенцира дека се сака добар резултат на овој собир, кој се стартува против големиот фаворит и еден од ко-домаќините Данска.
„Целта е секогаш да бидеме на високо ниво, да играме секоја година на големите настани. Прв предизвик на ЕП ни е Данска, таму играат најдобрите играчи во светот, имаат малку слаби страни. Но, ние гледавме видеа, се подготвувавме и спремни сме да го дадеме максимумот. На сите мечеви сакаме добар резултат“, изјави Ристевски.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра во петок со почеток од 20:30 часот.




