Македонската конзервативна партија ИНТЕГРА ќе направи пресврт на македонската политичка сцена, изјави претседателот на таа партија Љупчо Ристовски за време на денешната промоција на програмата и кандидатите за пратеници во Битола.

Според Ристовски, нивната политичка реторика ќе влијае врз изборот на граѓаните.

-Периодот на две застарени идеологии, на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ изминува, нацијата созрева во политичка смисла, нивото на политичка култура е зголемено, а нашата политичка реторика влијае и луѓето очекуваат нешто ново, луѓето бараат трета опција, а ИНТЕГРА е таа опција. Убеден сум дека ќе направиме пресврт на политичката сцена, истакна Ристовски.

Претседателот на ИНТЕГРА го посочи фокусот на економскиот дел од нивната изборна програма и во таа смисла најави дека посакуваат да се мултиплицира материјалното богатство во татковината преку раст на бруто домашниот производ преку трансфер на капиталните инвестиции и субвенции во посебни приватни инвестициски фондови, односно посебен македонски инвестициски фонд.