Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека САД треба целосно да се повлечат од Сирија.
– Ние инсистираме САД да го исполнат своето ветување и целосно да се повлечат од Сирија, посочи Рјабков.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 19 декември минатата година нареди целосно повлекување на американските војници од Сирија, тврдејќи дека е поразена екстремистичката група Исламска држава.
Во моментот во Сирија има околу 2.000 американски војници. Според американски претставници, повлекувањето би траело од 60 до 100 дена.