Ракометарите на Вардар 1961 запишаа нова победа во Групата Б од Суперлигата на Македонија, лесно славејќи со 22-35 на гостувањето против Прилеп.
Најдобар кај Вардар беше Матија Николиќ со 10 гола, Томислав Јагуриновски заврши со седум, а Хансер Родригез имаше четири гола. Кај Прилеп, Никола Цветаноски заврши со осум гола.
Е. Пелистер лесно славеше против Вардар Неготино со убедливи 17-32. Македонскиот шампион немаше никакви проблеми на патот до новите бодови во шампионатот.
Ракометарите на Тинекс Пролет, пак, продолжуваат со одличните изданија на стартот од сезоната сега запишувајќи очекувани бодови на домашен терен против новиот суперлигаш Мулти Есенс победувајќи со 32-27 (17-10).