Регулаторната комисија за енергетика предлага да се најдат соодветни механизми со кои на приклучените на парно греење ќе им се овозможи да постават калолиметри.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели дека Владата, Градот Скопје и операторот на дистрибутивниот систем треба да најдат начин со кој ќе им се овозможи на приклучените на парно греење да го платат на рати трошокот за поставување на калолиметри или делумно да се намали поставувањето на овие уреди.
– РКЕ останува на ставот кај приклучените потрошувачи да започнат да се поставуваат соодветни уреди односно калолиметри. Притоа ги повикуваме операторот на дистрибутивниот систем, Владата и Градот Скопје да изнајдат соодветни механизми, овие трошоци за приклучените потрошувачи да се намалат делумно или да им се овозможи да го платат трошокот на рати. Очекуваме дека тој што ќе набави поголеми количини калолиметри ќе даде можност овој трошок да се подели најмалку на 12 рати, изјави Бислимовски.