Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2021 година, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,242 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,135 ден/кг.
Од 2.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС 42,135 (денари/килограм).