РОБЕРТ ДЕ НИРО ЗА 9-МЕСЕЧНАТА ЌЕРКИЧКА: Сакам да уживам со неа колку што можам повеќе

/ 26.01.2024

Роберт Де Ниро (80) зборуваше за својата деветмесечна ќерка Џиа, која ја доби во април минатата година со девојката Тифани Чен (65).

Џиа е седмото дете на актерот.

“Јас сум 80-годишен татко и тоа е одлично за мене. Сè со што сум опседнат или загрижен се чини дека исчезнува веднаш штом ќе ја погледнам. Тоа е неверојатно”, изјавил актерот во интервју за Списанието AARP.

“Таа е толку нежна, доволно е само да ме погледне. Набљудува сè, навистина интересно. Сакам да бидам колку што можам повеќе да уживам со неа”, рекол Де Ниро за малата Џиа.

Потсетуваме, познатиот актер прв пат стана татко во далечната 1971 година, кога тој и неговата тогашна сопруга Дијана Абот ја добија ќерката Дрена, која денес има 52 години. Поранешниот пар го има заедно синот Рафаел (47). Покрај тоа, Де Ниро ги има близнаците Арон и Џулијан (28) со поранешната девојка Туки Смит, како и синот Елиот (26) и ќерката Хелен (12) со поранешната сопруга Грејс Хајтауер.


Од истата категорија