Робинката Хариет Табман ќе го замени седмиот претседател на САД, Ендру Џексон, на банкнотата од 20 долари.
Администрацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, се обидува да го забрза тој процес.
Хариет Табман, вистинско име Араминта Рос (1822-1913), била американска црнкинка активистка. Родена е како робинка во државата Мериленд, од каде побегнала на север во 1844 година. После тоа, со помош на аболиционистите, таа организирала 19 експедиции за време на кои биле ослободени 300 робови.
Јужните сопственици на робови ја уценувале главата на 40.000 УСД. За време на американската граѓанска војна, таа шпионирала за армијата на Унијата.
Ендру Џексон (1767-1845) бил американски воен лидер, политичар и државник, познат по тоа што бил 7-ми претседател на САД и основач на денешната Демократска партија.